ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 6 дена / 5 ноќевања
07. Март (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЦИРИХ – ПОРТОСостанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:55 часот. Полетување за Цирих во 08:55 и пристигнување во 11:15 часот.Полетување во 16:55 од Цирих и пристигнување во Порто во 18:40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
08. Март (САБОТА) ПОРТОПојадок. Организиран разглед на Порто, вториот град по големина во Португалија, кој во 1996 година е поставен на листатана УНЕСКО како дел од светското наследство: Авенијата Алиадос, Катедралата, Берзата, Црквата на Свети Франциско сопозлатени барокни резби… Порто е нераскинливо позврзан со реката Дуоро, каде се наоѓа впечатливиот мост Луис, изграден од ученикот на познатиот Ајфел. Слободно време за индивидуални активности, предлагаме прошетка до улицата Света Катерина и уживање со добро кафе во кафе барот Мажестик, прошетка до речниот брег, во квартот Вила Нова де Гаја. Можност за дегустација на локалните вина, од категоријата на најдобри европски вина, кои ги прославија Порто и долината на реката Дуоро со своите лозја и винарските визби. Враќање во хотел, индивидуално, со јавен превоз. Ноќевање.
09. Март (НЕДЕЛА) ПОРТО Коимбра – Батаља – Алкобака – ЛИСАБОНПојадок. Организиран трансфер до Лисабон. Попатна посета на Коимбра, еден од најважните универзитети во Европа. Посета на Универзитетот со неговата извонредна кралска библиотека. Патувањето продолжува кон Батаља каде ќе го посетиме националното обележје на Португалија, ремек-дело на готската архитектура, класифицирано на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век). Потоа продолжуваме кон Алкобака. Посета на манастирот Санта Марија д’Алкобака – основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата на неговиот архитектонски стил, убавината на материјалите и грижата со која е изграден го прават ова ремек дело на цистерцијанската готска уметност. Сместување во хотел. Ноќевање.
10. Март (ПОНЕДЕЛНИК) ЛИСАБОН Појадок. Панорамски разглед (околу 3 часа) на португалскиот главен град кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик. Ќе ги посетиме најважните места на градот: Плоштадот Рестаурадорес, елегантната Авенија на Слободата , кружниот тек на Маркиз де Помбал. Првите слики ќе ги направиме во Паркот Едвард VII, најголемиот јавен парк во Лисабон. Потоа заминуваме кон најпознатиот лисабонски кварт – Белем, кој е под заштита на УНЕСКО. Ќе го видиме еден од симболите на градот, прекрасната кула Белем која изгледа како да е изградена од песок, а некогаш служела за одбрана на градот. Од тука се пружа прекрасен поглед на мостот 25. Април, кој потсетува на мостот Голден Гејт во Сан Франциско. Разгледот продолжува до уште еден симбол на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век. Слободно време за ручек. Посета на квартот Алфама (со јавен превоз), возење со стариот трамвај бр.28, прошетка низ стариот град сместен во тврдината/замокот s.Jorge, попатно посета на Катедралата, посета на националниот Пантеон. Во вечерните часови посета на квартот со вибрантен ноќен живот и розевата улица.... Враќање во хотел, индивидуално со јавен превоз. Ноќевање.
11. Март (ВТОРНИК) ЛИСАБОН И ОКОЛИНАТА (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил)Појадок. Факултативна екскурзија до Синтра (окоу 8 часа), сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Посета на бајковитата палата Пена, една од најпрепознатливите палати во Португалија, изградена во 19 век во романтизам. Се наоѓа на брдо над Синтра, а поради својот раскош и убавина е под заштита на УНЕСКО. Палатата е препознатлива по јаките бои со кои се обоени терасите и кулите и така претставуваат совршен контраст на зеленилото кое ја опкружува. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло.Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Факултативно, вечера со ритамот на специфичната португалска музика Фадо. Ноќевање.
12. Март (СРЕДА) ЛИСАБОН – ЦИРИХ – СКОПЈЕПојадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Лисабон. Полетување за Цирих во 12:15 часот. Пристигнување во Цирих во 16:00 часот и полетување за Скопје во 17:45 часот. Слетување во Скопје во 19:55 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 995€ (61.960,00 мкд)ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВО ПРЕДПРОДАЖБА до 20.01.2025 = 955€ (59.210,00)Попуст за дете 2-11,99 год. = -90€ (-5.580,00)Попуст за трет возрасен 12+ год. = -70€ (-4.340,00)Доплата за еднокреветна соба = 265€ (16.430,00)На барање ! - сместување на дополнително легло, софа на спуштање, доколку има расположливост.
Во цената на аранжманот е вклучено:-Авионски превоз со Swiss Airlines на релацијата Скопје – Цирих - Порто и Лисабон – Цирих - Скопје-Аеродромски такси-Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)-Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто (07.03)-Разглед и прошетка низ Порто (08.03)-Tрансфер од Порто до Лисабон со попатни разгледи на Коимбра, Батаља, Алкобака според програмата (09.03)-Разглед и прошетка низ Лисабон (10.03) според програмата-Трансфер од хотелот во Порто до аеродром (12.03)-2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто-3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лисабон-Напомена: хотелите НЕ располагаат со стандардни трикреветни соби!-На барање може да се смести максимум едно лице во соба на дополнително легло.-Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:-Туристичка такса 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција 2 евра / ноќевање)-Чекиран багаж / куфер – со доплата (цена два дена пред поаѓање)-Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата Пена - 100 евра (пријавување во агенција)-Факултативна вечера со Фадо – 105 евра – трансфер, ноќен панорамски разглед на Лисабон, вечера со програма, вкупно времетраење околу 4 часа (пријавување во агенција)-Влезници во локалитетите и манастирите-Карти за локален превоз (метро)-Задолжително патничко - здравствено осигурување.
ЗАБАЛЕШКИ:-Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.-За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.-За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.-Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.-Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.-Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.-Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.-Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги. -Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. -Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.-За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Аурора Турс.
прикажи повеќе
-Авионски превоз со Swiss Airlines на релацијата Скопје – Цирих - Порто и Лисабон – Цирих - Скопје-Аеродромски такси-Рачен багаж (1 ташна /торба до 8 kg)-Трансфер од аеродромот до хотелот во Порто (07.03)-Разглед и прошетка низ Порто (08.03)-Tрансфер од Порто до Лисабон со попатни разгледи на Коимбра, Батаља, Алкобака според програмата (09.03)-Разглед и прошетка низ Лисабон (10.03) според програмата-Трансфер од хотелот во Порто до аеродром (12.03)-2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Порто-3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Лисабон-Напомена: хотелите НЕ располагаат со стандардни трикреветни соби!-На барање може да се смести максимум едно лице во соба на дополнително легло.-Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
-Туристичка такса 10 евра (се плаќа во хотелите на рецепција 2 евра / ноќевање)-Чекиран багаж / куфер – со доплата (цена два дена пред поаѓање)-Факултативен излет во околината на Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) со вклучена влезница за Палата Пена - 100 евра (пријавување во агенција)-Факултативна вечера со Фадо – 105 евра – трансфер, ноќен панорамски разглед на Лисабон, вечера со програма, вкупно времетраење околу 4 часа (пријавување во агенција)-Влезници во локалитетите и манастирите-Карти за локален превоз (метро)-Задолжително патничко - здравствено осигурување.
-Организатор на ова патување е AУРОРА Турс.-За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.-За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот.-Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.-Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.-Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.-Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.-Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција пред почеток на аранжманските услуги.-Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.-Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.-За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Аурора Турс.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции