ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 3 ноќевања
01. Мај (четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА Состанок на групата на аеродромот во 10:30 часот рано наутро. Полетување за Прага во 12:30 ч. Пристигнување во 16:05 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуални прошетки по Вацлавски плоштад или факултативно крстарење по В’лтава со вклучена вечера. Ноќевање.
02. Мај (петок) ПРАГА Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица...Слободно попладне за индивидуални активности.Ноќевање.
03. Мај (сабота) КАРЛОВИ ВАРИПојадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
04. Мај (недела) ПРАГА - СКОПЈЕПојадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:45 ч. Пристигнување после полноќ на 05 Мај во 00:15 часот.
Цена на аранжманот: 449 € (27.838,00 мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:- Авионски превоз на релација: Скопје - Прага - Скопје* Рачна торба со димензии 10*30*40см* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.- Аеродромски такси- Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром- Сместување во хотел Prague Centre Plaza ***, на база 3 ноќевања со појадок- Организиран пешачки панорамски разглед на Прага- Организација и реализација, придружник на патувањетоВо цената на аранжманот не е вклучено:- Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)- Доплата за 1/1 соба 142€- Факултативни излети и посети: * Карлови Вари 65€* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€- Влезници за музеите и културно - историските споменици
НАПОМЕНИ:- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
прикажи повеќе
- Авионски превоз на релација: Скопје - Прага - Скопје* Рачна торба со димензии 10*30*40см* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.- Аеродромски такси- Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром- Сместување во хотел Prague Centre Plaza ***, на база 3 ноќевања со појадок- Организиран пешачки панорамски разглед на Прага- Организација и реализација, придружник на патувањето
- Туристичка такса во хотел 2,2€ по лице од ноќ- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)- Доплата за 1/1 соба 110€- Факултативни излети и посети: * Карлови Вари 65€* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. - За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции