Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 429 00 EUR

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

09.март (четврток)    СКОПЈЕ - ПРАГА  
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување за Прага во 12:35 ч. Пристигнување во Прага во 16:00 часот (со 1 попатно преседнување). Трансфер до хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.

10.март (петок)     ПРАГА 
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич. Разглед на Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица... Слободно попладне или можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.

11.март (сабота)    ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Навечер, факулатативна вечера во пивница или национален ресторан. Ноќевање.

12.март (недела) ПРАГА - КАРЛШТЕЈН
Појадок. Одјавување од собите. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до дворецот Карлштејн - некогашната резиденција на кралот Карло четврти, изграден во 14 век. Враќање во Прага во попладневните часови. Слободно време. Трансфер до аеродромот во Прага во 14:00ч. Лет за Скопје во 16:40 ч. Пристигнување после полноќ во 00:10 часот.

Цена на аранжманот во предпродажба: 379 € (23.498,00 мкд) за уплати до 14.01.2023
Специјална понуда за последни 5 места: 389 € (24.118,00 мкд)
Редовна цена на аранжманот: 429 € (26.598,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Прага - Скопје (со 1 попатно преседнување)
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
- Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел *** , на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
- Организација и реализација, придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)
- Доплата за еднокреветна соба (25 €)
- Факултативни излети и посети:
* Карлштејн, со вклучена влезница (50€)
* Карлови Вари (55€) 
* Крстарење по В’лтава (25€)
* Вечер во пивница или национален ресторан
- Влезници за музеите и културно - историските споменици 

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализаци на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Савана
- Организатор на патувањето е ТА САВАНА

прикажи повеќе

- Авионски превоз на релација: Скопје - Прага – Скопје
* Рачна торба со димензии 10*30*40см
* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.
- Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром
- Сместување во хотел *** , на база 3 ноќевања со појадок
- Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
- Организација и реализација, придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)
- Факултативни излети и посети: 
* Карлштејн, со вклучена влезница (50€)
* Карлови Вари (55€) 
* Крстарење по В’лтава (25€)
* Вечер во пивница или национален ресторан
- Влезници за музеите и културно - историските споменици 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализаци на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Савана
- Организатор на патувањето е ТА САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена
Резервација за 2 лица
- 2 возрасни
09 Mar - 12 Mar, 2023
Лет +  Трансфер +  Сместување
EUR77800EUR