Детали за зделка
Резервација
Потврда
6 дена / 5 ноќевања
Програма на патувањето:

24.мaj (вторник) СКОПЈЕ - РИМ  
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Лет за Рим W6 7757 во 18:30ч. Пристигнување во Рим во 20:10 часот. Трансфер до хотелот. Сместување и слободно време за индивидуални активности...  Ноќевање.  
 
25.мaj (среда) РИМ - ВАТИКАН – НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини: познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi, црквата Св.Агнеса во Агонија од Боромини и Рајналди.... Можност за краток одмор за ручек или уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање
 
26.мaj (четврток) РИМ – Римокатоличките цркви 
Појадок. По појадокот панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви... Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил...Ноќевање. 
 
27.мaj (петок) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за прошетка низ боемскиот кварт на Рим, Трастевере и можност за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани. Ноќевање.
 
28.мaj (сабота)  НЕАПОЛ И СОРЕНТО (АМАЛФИ БРЕГ)
Појадок. Факултативна посета со локален водич на Неапол и Соренто. Панорамски разглед на Неапол: катедралата Св.Генаро, црквите Св.Лоренцо Маѓоре и Св.Доменико Маѓоре, плоштадот Гесу, Порта Алба, плоштадите Данте и Белини... Патувањето продолжува по Амалфи брегот. Панорамско разгледување на Соренто: плоштадот Тасо, црквата Св.Антонио, вилата Комунале, историскиот кварт е полн со тесни улички каде што се наоѓа црквата на Сан Франческо од 14в., слободно време за прошетка и шопинг по најпознатата улица Виа Корзо Италија. Враќање во Рим. Ноќевање.
 
29.мај (недела) РИМ 
Појадок.  По појадокот слободно време за индивидуални активности до пладне. Трансфер до аеродромот во Рим во 17:45. Лет за Скопје W6 7758 во 20:45ч. Пристигнување во Скопје во 22:30 часот.

Цена на аранжманот во претпродажба:
Basic – основен пакет (превоз, хотел и трансфер) = 445 € (27.590,00 мкд)
Standard - пакет со вклучени 2 разгледи = 479 € (29.698,00 мкд)
Superior - пакет со вклучени 4 разгледи = 585 € (36.270,00 мкд)
Premium - пакет со вклучени 5 разгледи = 675 € (41.850,00 мкд)


РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

- Организиран панорамски разглед на Рим:

BASIC (доплата 25) STANDARD (вклучено) | SUPERIOR (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил (без метро карта и влезница): 
BASIC (доплата 15STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница:
BASIC (доплата 55) | STANDARD √ (доплата 55€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Тиволи со превоз, локален водич и влезница:

BASIC (доплата 60) | STANDARD (доплата 60€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Неапол и Соренто, водич и превоз:
BASIC (доплата 95) | STANDARD (доплата 95€) | SUPERIOR (доплата 95€PREMIUM √ (вклучено)

Во цената е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air)
- Рачна торба или ранец (40x20x30cm)
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром 
- Сместување во хотел ***, на база 5 ноќевања со појадок (https://www.raelihotels.it/en/index)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:
- Туристичка такса: Хотел 4* - 6€, Хотел 3* - 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Голема кабинска торба до 10кг;  Пријавен багаж до 20кг; Пријавен багаж до 32кг 
- Доплата за 1/1 соба – 145€
- Панорамски разглед на Рим со локален водич и превоз – 25€
- Организиран разглед со метро на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил - 10 €
- Панорамски разглед на Неапол и Соренто со локален водич и превоз 95€
- Посета на Ватикан со метро со локален водич: резервација, служалки, водич и влезница 55€
- Посета на Тиволи со превоз, водич и влезница 60€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет 
- Влезници за културно-историските споменици
- Патничко здравствено осигурување 

НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

* За влез во Ватикан задолжително е патниците да поседуваат валиден сертификат за вакцинација (до 270 дена) или сертификат за прележана инфекција од Ковид 19 вирусот (до 6 месеци) или негативен ПЦР тест до 72 часа.

прикажи повеќе

- Авионски превоз на релација: Скопје - Рим - Скопје (со Wizz Air)
- Рачна торба или ранец (40x20x30cm)
- Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром - хотел - аеродром 
- Сместување во хотел ***, на база 5 ноќевања со појадок (https://www.raelihotels.it/en/index)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ - ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:

- Организиран панорамски разглед на Рим:

BASIC (доплата 25STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил (без метро карта и влезница): 
BASIC (доплата 15STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница:
BASIC (доплата 55) | STANDARD √ (доплата 55€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Тиволи со превоз, локален водич и влезница:

BASIC (доплата 60) | STANDARD (доплата 60€) | SUPERIOR √ (вклучено) | PREMIUM √ (вклучено)

- Посета на Неапол и Соренто, водич и превоз:
BASIC (доплата 95) | STANDARD (доплата 95€) | SUPERIOR (доплата 95€PREMIUM √ (вклучено)

прикажи повеќе

- Туристичка такса: Хотел 4* - 6€, Хотел 3* - 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
- Голема кабинска торба до 10кг;  Пријавен багаж до 20кг; Пријавен багаж до 32кг 
- Доплата за 1/1 соба – 145€
- Панорамски разглед на Рим со локален водич и превоз – 25€
- Организиран разглед со метро на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил - 15€
- Панорамски разглед на Неапол и Соренто со локален водич и превоз 95€
- Посета на Ватикан со метро со локален водич: резервација, служалки, водич и влезница 55€
- Посета на Тиволи со превоз, водич и влезница 60€
- Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет 
- Влезници за културно-историските споменици
- Патничко здравствено осигурување 

прикажи повеќе

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. САВАНА

ПРОЧИТАЈ >>  УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА (КОВИД 19)
УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА

 

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!