Youtube
Детали за зделка
Резервација
Потврда

РУСИЈА ВЕЛИГДЕН 2026

ЦЕНА ВО ПРЕТПРОДАЖБА
1290 00 EUR
person / 7 ноќи

Моќна, мистична и бескрајна  
Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на оваа огромна земја. Велигден е особено убаво време да се почувствува рускиот дух – кога православните храмови блескаат во светлина, а градовите живеат во празничен ритам.  
Москва – со својата строга величенственост и динамичност; 
Санкт Петербург – со својата елеганција, 
романтика и уметничка душа, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата. 
Патување што се памети цел живот.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 8 дена / 6 ноќевања
1 ден  (10.04.2026) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – МОСКВА 
Состанок на групата два часа пред поаѓањето, на аеродромот ТАВ Скопје, во 06:45 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 08:45 часот (TK1004). Пристигнување во 11:20 часот и продолжување кон Москва со лет TK411 во 19:10 часот. Слетување на аеродромот во Москва во 23:10часот по локално време.  По завршување на пасошките и царински формалности, трансфер до хотелот и сместување. Првата вечер во руската престолнина ќе ви овозможи да го почувствувате пулсот на градот што никогаш не мирува – Москва, метропола која ги спојува царската историја и модерниот дух. Ноќевање. 

2 ден  (11.04.2026) МОСКВА – Град на Империјата (Бородинска Битка, Московско метро)
Појадок во хотелот.
Денот започнува со автобуско панорамско разгледување на Москва – срцето на руската држава и култура. Ќе го видиме монументалниот Црвен Плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј Блажени, познатиот Бољшој театар, Храмот на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, како и универзитетот „Ломоносов“ и величествениот Парк на победата.   Слободното попладне е можност за дополнително откривање на градот или предлагаме факултативна посета на музејот Бородинската битка, посветен на славната војна со Наполеон од 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамата – огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од  најтешките моменти на војната на Бородинското поле Вечерта – факултативна прошетка низ магичното московско метро, вистински подземен музеј украсен со мермерни столбови, скулптури, мозаици и портрети на националните херои и важни моменти од руската историја. Ноќевање. 

3 ден  (12.04.2026) МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва) 
Појадок.
За љубителите на духовната и историската Русија, предлагаме факултативна екскурзија до Сергиев Посад (поранешен Загорск, 70км од Москва) – голем манастирски комплекс кој своевремено бил резиденција на рускиот патријарх а денес претставува еден од најстарите и најсветите места во земјата и центар на православието. Разглед на Тројствената лавра на св. Сергеј, позната по својата величествена архитектура и мирна, монашка атмосфера. Враќање во Москва и слободно време. Вечерта, како вистински завршеток на денот – факултативно пловење со луксузниот брод-ресторан Radisson по реката Москва, со поглед на величенствено осветлените мостови, згради, куполи и паркови на градот. Тура која не се пропушта. Ноќевање. 

4 ден  (13.04.2026) МОСКВА (Кремљ и Палата на оружјето) – САНКТ  ПЕТЕРБУРГ 
Појадок. Слободен ден или предлагаме факултатина програма – Кремљ, најстариот и најзначајниот дел од историскиот центар на Москва - срцето на руската историја и извонредно атрактивен архитектонско уметнички комплекс. Прошетка низ неговите катедрали, дворови и дворци (црквата Успение на Архангел, Цар-ѕвоното, Цар-топот, итн). Можност да се посети и Палатата на Оружјето - вистинска ризница на богатства во московскиот Кремљ заштитена од УНЕСКО, место каде се чуваат највредните предмети од царска Русија – круни, скиптри, кочии, скапоцени предмети и уметнички ремек-дела.  Попладне – трансфер до станицата и патување со супербрзиот воз Сапсан, кој ги поврзува двата најголеми руски града (поаѓање во 17:00 часот, пристигнување во 20:50 часот). По помалку од 4 часа во воз, пристигнување во Санкт Петербург – градот на Петар Велики, градот на реките, каналите и мостовите. Сместување во хотел. Ноќевање.

5 ден  (14.04.2026) САНКТ  ПЕТЕРБУРГ – Северната Венеција (Петерхоф) 
Појадок. Ден за запознавање со раскошниот Санкт Петербург, еден од најубавите градови во Европа. Панорамско разгледување на градот без влезници: Невски Проспект, Казанската катедрала, Дворскиот плоштад, Ермитаж, Адмиралитетот, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник, како и познатите мостови и канали што му го даваат прекарот „Северна Венеција“.
Факултативно: посета на Петропавловската тврдина и црквата на св. Петар и Павле каде се закопани голем број на руски цареви и императори почнувајќи од Петар I. Во овој комплекс кој претставува историското јадро на градот  се наоѓа историскиот музеј на Санкт Петербург како и прочуените зандани. Слободно време за прошетки по живописните улици и кафулиња. Ноќевање. 

6 ден  (15.04.2026) САНКТ  ПЕТЕРБУРГ (Пушкин – Царско Село; Петерхоф) 
Појадок.
Слободен ден за индивидуални прошетки, или факултативно ден исполнет со царска убавина. Факултативна посета на Пушкин – Царското Село, летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметничките предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови.  Ќе имате можност да влезет и да ја видите прочуената Килибарска сала, симбол на богатството и уметничката префинетост на руската империја. Попладне – факултативна екскурзија до Петерхоф, раскошната летна резиденција на Петар Велики, позната по своите паркови и фонтани, поради што често се нарекува Рускиот Версај. Поглед кон познатата фонтана со 250 позлатени скулптури и прошетка низ Горниот и Долниот парк, се до обалата на Финскиот залив од каде се шири поглед кон Санкт Петербург и Кронштат. Враќање во градот. Ноќевање. 

7 ден  (16.04.2026) САНКТ  ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж; Крстарење по Нева) 
Појадок.
Слободен ден за индивидуални активности, а наш предлог е денот да го посветите на уметност и инспирација со организираните факултативни тури. Факултативна посета на Ермитаж – еден од најголемите и најбогати музеи во светот, сместен во поранешниот Зимски дворец покрај брегот на Нева, во срцето на градот. Неколку милиони експонати и уметнички дела од сите епохи, меѓу кои ремек-делата на Леонардо да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Сезан, Рембрант, Пикасо и многу други. Музејот е неверојатна ризница на безвременски дела од непроценливо значење. Попладне – факултативно крстарење по реката Нева, со поглед кон фасадите, куполите и мостовите што го прават Санкт Петербург град од соништата. Слободна вечер. Ноќевање.

8 – 9 ден (17-18.04.2025) САНКТ  ПЕТЕРБУРГ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ  
Последен Појадок во градот на реките и дворците. Одјавување на собите и слободно време за прошетки по живописните улички и кафулиња. Вечерта, организиран трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со Turkish Airlines малку по полноќ (календарски 18.04) во 00:15часот (TK400), пристигнување во 04:55часот. Потоа лет за Скопје во 17:25 часот (TK1003), пристигнување во 07:55 часот. Со спомени исполнети со царска убавина, православна духовност и руската душа – завршува ова незаборавно велигденско патување. 

РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице за резервации до 31.12.2025 - 1290€ - 79.980 мкд 
Цена по лице во двокреветна соба -  1.395€ - 86.490 мкд
Попуст за дете од 2 до 11,99 год* - 100€/6.200 MKD мкд
Доплата за еднокреветна соба 200€ / 13.020 мкд 
Попуст за трето возрасно лице во соба не следува. Лежај за 3то лице може да е со помали димензии од стандардните. 

 

Во цената е вклучено:  
• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Москва  и Санкт Петербург  – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines. 
• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг. 
• Воз Сапсан од Москва до Ст. Петербург (окулу 4 часа). 
• 3 ноќевања со појадок во хотел  4*  во Москва. 
• 4 ноќевања со појадок во хотел  4*  во Санкт Петербург. 
• Трансфери според програмата. 
• Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата. 
• Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата. 
• Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот. 

Во цената не е вклучено:  
• Патничко здравствено осигурување. 
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци. 
• Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич, превоз и влезници вклучени): 

Москва                                                                              Ст. Петербург 

• Кремљ (и 2 православни цркви)*** - 50€                • Ермитаж - 50€
• Сергиев Имот - 55€                                                        • Пушкин (Царското село) *** - 65€
• Прошетка низ Московско Метро - 10€                     • Петерхоф, Горен и Долен парк - 55€
• Бородинска Битка- 40€                                                 • Петропавловска Тврдина - 40€
• Крстарење по реката Москва - 50€                           • Пловење по реката Нева -40€
• Палатата на оружјето - 55€       

*** За реализација на Пушкин (Царско село) и Кремљ е потребно пријавување и плаќање со правење на резервацијата во агенција. 
*** За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција – 10 % ПОПУСТ (вкупна цена 460еур).                                    

Важни Забелешки: 
• Организатор на ова патување е AУРОРА Турс. 
• Сите пасоши мора да имаат важност од најмалку 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата и 2 празни страници во пасош. Одговорност за проверка на валидноста на патните исправи носи исклучиво патникот. 
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот. 
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање. 
• Организаторот на патуваоето го задржува правото, во слушај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот. 
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни или вонредни причини. 
• За реализација на факултативните екскурзии по дадените цени постои минимален број на пријавени патници и доколку истиот не се исполни цената може да биде соодветно корегирана.  
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.  
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето. 
• За оваа програма важат Општите Услови на Патување на Аурора Турс и САВАНА.

прикажи повеќе

• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Москва  и Санкт Петербург  – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines. 
• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг. 
• Воз Сапсан од Москва до Ст. Петербург (окулу 4 часа). 
• 3 ноќевања со појадок во хотел  4*  во Москва. 
• 4 ноќевања со појадок во хотел  4*  во Санкт Петербург. 
• Трансфери според програмата. 
• Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата. 
• Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата. 
• Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот. 



прикажи повеќе

• Патничко здравствено осигурување. 
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци. 
• Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)  

 

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
Резервација за 2 возрасни
- 2 возрасни
10 Apr - 17 Apr, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
1032 € до 20/03/2026
1548 € до 09/04/2026
258000EUR
BOOK ONLINE