Детали за зделка
Резервација
Потврда

САРАНДА / 3НП ; Велигден преземање pdf

EUR 89 00 EUR
по лице

30.април (петок) СКОПЈЕ – ВАЛОНА - САРАНДА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 00:30 часот. Поаѓање за Албанија во 01:00 часот. Патот води преку граничниот премин Ќафасан. Патувањето не води до Валона по новиот автопат. Валона или Влора е второто по големина пристаниште во Албанија.  Пауза за индивидуални прошетки низ променадата на Валона. Во Валона туризмот e голема и развиена индустрија во последниве години, со многу хотели, рекреативни центри и огромни плажи. Градот има добар поглед кон заливот Влора, кој се смета за граница помеѓу Јадранското и Јонското Море. Наспроти Валона е островот Сазан, на влезот во заливот, додека пак Италија е оддалечена само 80 километри. Заливот нуди добри услови за навигација на море и закотвување на бродови. 
Во 2019 година, во написот „Пет дестинации за гледање“ на „Фајненшл тајмс“ во кој беа наведени нови и возбудливи дестинации за одмор од целиот свет, Валона беше меѓу наведените. Ноќевање.

01.мај (сабота)  САРАНДА - ХИМАРА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на регионот Химара.  Денот започнува со трансфер од Саранда во регионот Химара (60 минути), во селото Химара ќе застанеме на пауза за да уживате во прекрасното шеталиште на малиот град на брегот на Јонско Море. За тунелот Порто Палермо се тврди дека е подводен бункер изграден во Социјалистичка Народна Република Албанија за време на владеењето на диктаторот Енвер Хоџа. Веќе не се користи.  Меѓу другото, ќе ja посетиме старата воена база и влезот на подводниот тунел. Следната станица ќе биде во наредниот залив, веднаш пред уште една воена база. По стрмната патека (10 минути) се стигнува до замокот од каде што ќе добиете прекрасен поглед на заливот. После слободно време за фотографирање, се враќаме назад во пристаништето на Саранда по панорамскиот пат од каде што ќе имате незаборавен поглед на Јонско море. Ноќевање.

02.мај (недела)  ЃИРОКАСТРО – КСАМИЛ - БУТРИНТ 
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и прошетки, или можност за факултативна посета на Ѓирокастро, Ксамил и Бутринт. Преку планински пат (1,5час) се стигнува до Ѓирокастро „Градот на камењата“. По пристигнувањето, ќе прошетаме низ старата чаршија со продавници за резба во дрво и камен, ќе видиме стари типични куќи и населби заштитени од УНЕСКО. Потоа се упатуваме кон тврдината Арѓиро за посета на замокот кој има убав поглед на стариот град на Ѓирокастро. По Ѓирокастро, посета на селото Ксамил и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. После ручекот патувањето продолжува кон најголемиот и најважниот археолошки локалитет во Албанија, дел од УНЕСКО, античкиот град Бухротум. Ќе ги откриете античките урнатини на Театарот, римските вили, ранохристијанските базилики и градските sидови со различен архитектонски стил изградени низ вековите. По посетата на Антички Бухротум, се враќаме во пристаништето во Саранда. Ноќевање.


03.мај (понеделник)            САРАНДА – СКОПЈЕ 
Појадок. По појадокот индивидуални активности и прошетки. Околу пладне враќање за Македонија со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје доцните вечерни часови.

прикажи повеќе

- Превоз со автобус на наведената релација 
- Сместување во Саранда, во хотел 4*, на база 3 ноќевања со појадок 
- Организиран панорамски разглед на Валона
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативна посета на Химара  мин. 30 лица - 25€ (Превоз, локален водич, асистенција, влезници)
- Факултативна посета на Бутринт и Ѓирокастро мин. 30 лица - 28 € (Превоз, локален водич, асистенција, влезници и ручек)
- Влезници за музеите, и културно историските споменици
- Патничко здравствено осигурување 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена
Двокреветна соба
3 ноќевања со појадок во хотел ****
- 2 возрасни
30 Apr - 03 May, 2021
Автобус +  Сместување
EUR17800EUR