Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 48 44 EUR

1 ден. (сабота) СКОПЈЕ – СОЛУН - ПИЕРИА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 03:30 часот. Поаѓање кон Грција во 04:00 ч. Влез во Грција преку граничниот премин Евзони. Посета на Солун и панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула. Посета на  шопинг центарот ''One Salonica Outlet Mall''. Пристигнување во Пиериа во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање                

2 ден. (недела) ПИЕРИА – МЕТЕОРИ - СКОПЈЕ
Појадок. Целодневен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високите камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метеори ја пронаоѓале својата цел. При враќањето попатна посета на малата карпеста црква Агиа Параскеви (Св. Петка), изградена во клисурата Темби. Во попладневните часови поаѓање назад кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 2 990,oo мкд | по лице

Термини на реализација: 16.04.2022 | 30.04.2022

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотел со *** , 1 ноќевање со појадок 
- Организирани разгледи на Солун и Метеори
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за културно историски знаменитости
- Патничко здравствено осигурување  

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на
тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
- EU Digital Covid Certificate (EU DCC) или
- Негативен PCR тест (не постар од 72 часа пред патувањето) или
- Негативен брз антиген тест (не постар од 24 часа пред патувањето)
- Сертификат за вакцинација против Covid 19 (14 дена по примена втора доза од вакцината и не постар од 270 дена) или
- Сертификат за прележана инфекција од Covid-19 вирусот или позитивен тест (14 дена по прележана инфекција и не постар од 180 дена, преведен на англиски јазик)
* Деца помлади од 5 години немаат обврска да приложат сертификат.
* Документите и потврдите мора да бидат на некој од следните јазици Англиски, Француски, Германски, Грчки, Италијански, Шпански или Руски, и податоците од сертификатот мора да се исти со податоците кои се во пасошот на патникот.

- Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (PLF формулар) на веб страницата  https://travel.gov.gr/#/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
- За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!