Детали за зделка
Резервација
Потврда

СОЛУН И ПИЕРИА - Нова Година

EUR 79 00 EUR

31.декември (петок)       СКОПЈЕ – СОЛУН - ЛЕПТОКАРИЈА
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање за Грција во 07:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица-Евзони. Пристигнување во Солун и панорамски разглед на градот: Виа Игнатиа, Црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда и Св.Софија, плоштадот Аристотелис и Белата Кула, Археолошкиот и Византискиот музеј...Слободно време за шопинг по најпознатите шопинг улици, Тсимиски и Егнатиа, или посета на шопинг центар “One Salonica“. Патувањето продолжува кон Лептокарија, пристигнување во Лептокарија во вечерните часови. Сместување во хотел. Навечер можност за дочек на Новата година факултативно со вечера во грчка таверна, со богато мени и музика. Ноќевање.

01.јануари (сабота)         МЕТЕОРИ
Појадок. Целодневен факултативен излет до манастирите Метеори, со посета на еден од многуте средновековни манастири изградени на високи камени карпи над гратчето Каламбака. Единствената местоположба на оваа монашка заедница, ни овозможува ретко каде да ја почуствуваме силната посветеност кон бога, на монасите и испосниците кои низ вековите во Метерои ја пронаоѓале својата цел. При враќањето попатна посета на малата карпеста црква Агиа Параскеви (Св.Петка), изградена во клисурата Темби. Враќање во хотел. Ноќевање.

02.јануари (недела)  ЛЕПТОКАРИЈА – ЛИТОХОРО – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови заминување кон Скопје со попатна посета на живописното гратче Литохоро кое се наоѓа во подножјето на планината Олимп. Во попладневните часови патувањето продолжува кон граничниот премин Евзони – Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 79 € (4 898,oo мкд) 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автбус на наведената релација
- Сместување во хотел со *** , 2 ноќевање со појадок 
-  Организирани разгледи на Солун и Литохоро
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници за културно историски знаменитости
- Факултативна Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма 60€
- Факултативен излет: Метеори 20€
- Патничко осигурување  

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

КОВИД МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА 
* Патникот треба да поседува еден од следните документи:
- Валиден сертификат за целосна вакцинација добиен од здравстевните органи по втората вакцина, по која треба да бидат поминати минимум 14 дена.
- Доколку не е вакциниран патникот треба  да поседува негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.
- Патниците треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците (PLF формулар) на веб страницата  https://travel.gov.gr/#/ и истиот да се прикаже на сите овластени лица кои тоа ќе го побараат, во дигитална форма на смартфон или отпечатен на хартија.
- За влез во Македонија невакцинираните патници ќе треба  да поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, не постар од 72 часа, односно 48 часа.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!