Youtube
Детали за зделка
Резервација
Потврда

ТАЈЛАНД Октомври 2026

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
1790 00 EUR
person / 9 ноќи
Бангкок и Пукет - 11 дена / 9 ноќевања

Подгответе се за патување кое ќе ги разбуди сите ваши сетила. Од хаотичниот шарм на Бангкок до тиркизните брегови на Пукет, Тајланд е дестинација која ветува многу повеќе од обичен одмор – подарува спомени за цел живот.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 11 дена / 9 ноќевања

ДЕН 1: СКОПЈЕ – БАНГКОК
Состанок на аеродромот во Скопје во вечерните часови. Лет за Тајланд со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Ноќен лет.

ДЕН 2: БАНГКОК
Пристигнување во Бангкок во попладневните часови. По завршување на царинските формалности трансфер со автобус до хотелот. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 3: БАНГКОК – "Градот на ангелите"
Појадок. Заминување на целодневен разглед на знаменитостите на Бангкок. Претпладне: Посета на Wat Phra Kaew (Храмот на Смарагдниот Буда) и Големата палата (Grand Palace) – архитектонско ремек-дело и поранешна кралска резиденција. Посета на Wat Pho (Храмот на лежечкиот Буда) каде се наоѓа импозантната статуа долга 46 метри. Ручек во локален ресторан. Попладне: Возење со традиционален „long-tail" чамец низ каналите (khlongs) на Бангкок, познат како „Венеција на Истокот". Разглед на автентичните куќи изградени на столбови, пазарите и храмовите долж каналот. Посета на Wat Arun (Храмот на зората) на брегот на реката Чао Праја, со извонредна архитектура и прекрасен поглед на реката и градот. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 4: БАНГКОК – Пловечки пазар и пазарот на пруга
Појадок. Посета на светски познатиот Damnoen Saduak пловечки пазар (100 км од Бангкок). Искусете ја трговијата од чамци, гужвата и вревата на традиционалниот тајландски пловечки пазар. Посета на локална фарма за тропско овошје. Ручек со мени од традиционална тајландска кујна. Посета на уникатниот Maeklong пазар, кој се наоѓа директно на активна железничка пруга, каде што продавачите ги собираат тезгите додека поминува возот. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 5: БАНГКОК – ПУКЕТ
Појадок. Заминување од хотелот, трансфер до аеродромот во Бангкок за летот кон Пукет. Пристигнување во Пукет и трансфер до хотелот. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 6: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на целодневна факултативна екскурзија со глисер до островите во заливот Phang Nga. Посета на островот Panak и пештерите Bat Cave, I-Tim Cave и Diamond Cave. Кајакарење во заливите на островот Hong. Ручек во пловечкото село Koh Panyee. Разглед на Koh Tapu познат како сцена од James Bond филмот "The Man with Golden Gun". Време за пливање и релаксирање на плажа на островот Naka. Попладне враќање во Пукет. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 7: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на целодневна факултативна тура по полуостровот Пукет. Посета на местата со најубава панорама како Karon View Point, Kata View Point и Promthep View Point. Посета на Wat Chalong, најпознатиот храм на Пукет, и стариот дел на градот (Old Town) со неговата специфична архитектура. Враќање на хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

ДЕН 8: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на целодневен факултативен излет до Phi Phi Островите. Релаксирање и пливање во лагуната Pileh. Забава со скокови од глисер во смарагдната лагуна опкружена со варовнички карпи. Ручек во ресторан покрај плажа на островот Phi Phi Don Island (заливот Ton Sai) и слободно време на плажа. Заминување до Monkey Beach, а потоа разгледување на пештерата Викинг. Време за уживање во фотографирање, пливање и нуркање. Пристигнување на островот Khai Nai, релаксирање на белата песочна плажа или пливање. Враќање во Пукет. Ноќевање.

ДЕН 9: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор, уживање на плажа или заминување на полудневен факултативен излет до резерватот за заштита на слонови. Посета на Phuket Elephant Care во Наитон и уживање во кафе и чај, вклучувајќи и закуски. Вовед во напреден еко туризам од туристичките водичи кои ја чуваат природата. Учество во подготовка на ориз на локален начин и подготовка на овошје, зеленчук и здрави топчиња од билки за слоновите. Хранење на слоновите со сезонско овошје. Миење на нивната кожа со кал и бањање во река. Автентичен ручек во тајландски стил со домашни тајландски закуски. Изработка на сувенир. Враќање во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

ДЕН 10: ПУКЕТ
Појадок. Слободен ден за одмор и уживање на плажите на Пукет. Ноќевање.

ДЕН 11: ПУКЕТ - БАНГКОК - СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во Пукет, лет до Бангкок. Полетување од Бангкок за Скопје со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Скопје следниот ден во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:        
1.790
    (Специјална понуда во претпродажба)
1.890   (Редовна цена)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски билет: На релација Скопје-Бангкок-Скопје со TURKISH AIRLINES.
• Домашен лет од Бангкок – Пукет - Бангкок (20 кг + 7 кг пријавени торби)
• Транспорт: Превоз со климатизиран туристички автобус.
• Сместување (9 ноќевања) по лице во двокреветна соба: 
Rembrandt hotel Bangkok, 3 ноќевања со појадок, 
The Charm Resort Phuket , 6 ноќевања со појадок, 
• Сите тури и трансфери наведени во програмата, кои не се означени како факултативни.
• План на оброци како што е наведено во програмата.
• Водич: Локален водич на англиски јазик за време на турите и трансферите.
• Влезници: Вклучени влезници за сите локалитети наведени во програмата.
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативните излети и екскурзии, и услуги во сопствена режија на патниците.
• Дополнителни пијалаци за време на вечерите во хотелите или факултативните излети.
• Доплата за еднокреветна соба 430 ЕУР.
• Бакшиш (Препорачано: 3 американски долари по лице на ден).
• Задолжително патничко осигурување
• Туристичка виза: може да посредува агенцијата.

НАПОМЕНИ:
• Цените се дадени по лице во евра за уплата во денарска противвредност.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
• За реализација на факултативните посети, потребен е минимум од 15 патници

прикажи повеќе

- Авионски билет: На релација Скопје-Бангкок-Скопје со TURKISH AIRLINES.
- Домашен лет од Бангкок – Пукет - Бангкок (20 кг + 7 кг пријавени торби).
- Транспорт: Превоз со климатизиран туристички автобус.
- Сместување (9 ноќевања) по лице во двокреветна соба:
  * Rembrandt hotel Bangkok, 3 ноќевања со појадок,
  * The Charm Resort Phuket, 6 ноќевања со појадок.
- Сите тури и трансфери наведени во програмата, кои не се означени како факултативни.
- План на оброци како што е наведено во програмата.
- Водич: Локален водич на англиски јазик за време на турите и трансферите.
- Влезници: Вклучени влезници за сите локалитети наведени во програмата.
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

прикажи повеќе

- Факултативните излети и екскурзии, и услуги во сопствена режија на патниците.
- Дополнителни пијалоци за време на вечерите во хотелите или факултативните излети.
- Доплата за еднокреветна соба 430 ЕУР.
- Бакшиш (Препорачано: 3 американски долари по лице на ден).
- Задолжително патничко осигурување.
- Туристичка виза за Тајланд - 60$.

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
- Цените се дадени по лице во евра за уплата во денарска противвредност.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Лет
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
ТАЈЛАНД во претпродажба за еднокреветна соба
- 1 возрасен
02 Oct - 11 Oct, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
1074 € до 14/04/2026
3580 € до 11/09/2026
222000EUR
ТАЈЛАНД во претпродажба за 2 лица
- 2 возрасни
02 Oct - 11 Oct, 2026
Лет +  Трансфер +  Сместување
1074 € до 14/04/2026
3580 € до 11/09/2026
358000EUR
BOOK ONLINE