ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања
30 декември (вторник) СКОПЈЕ – ТИВАТСостанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски” во 22:30ч. Поаѓање на автобусот за Тиват во 23:00 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
31 декември (среда) КОТОР - ПЕРАСТ - ТИВАТПристигнување во Котор во претпладневните часови, разглед на градот со локален водич и прошетка низ прекрасниот, стар град – Котор, катедралата на св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, поморскиот музеј, црквата Св.Никола. Организирано крстарење до црквата Госпа од Шкрпеља која се наоѓа на островче во близина на градчето Пераст. Крстарењето продолжува со посета на Пераст, препознатлив по 17 католички цркви и 16 палати. Овој средновековен град е карактеристичен по своите 9 одбранбени кули изградени од Венецијанците во 15 и 16 век. Патувањето продолжува кон Тиват: разглед на градот, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс "Порто Монтенегро", Ботаничката градина (изградена по наредба на адмиралот на австроунгарската морнарица Макимилиан Даблес фон Шротернек, кој со декрет побарал од сите капетани да донесат примероци од разни растенија за да го украсат военото пристаниште Арсенал во Тиват). Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренети и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Дочек на Новата Година со Лепа Брена. Ноќевање.
01 јануари (четврток) ТИВАТ - ДУБРОВНИКПојадок. По појадок факултативен целодневен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала... Враќање во Тиват. Реприза на Новата Година со Јелена Розга. Ноќевање.
2 јануари (петок) TИВАТ – БУДВА – СКОПЈЕПојадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на Будва во претпладневните часови. Прошетка низ градот: стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, цркавата Св.Јован Крстител, цркавата Св.Иван, цркавата Св. Сава, марината, полуосторвот Св. Стефан. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Заминување кон Скопје во попладневните часови преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО цена (STANDARD пакет) за првите 6 пријавени: 199€ (12.340,00 мкд)
STANDARD пакет (превоз, сместување со појадок): 219€ (13.580,00 мкд)
SUPERIOR пакет ( превоз, сместување со појадок, Дубровник, Тиват, Котор и крстарење Пераст) 265€ (16.430,00 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
прикажи повеќе
НАПОМЕНИ:- За реализација на факултативните екскурзии, потребен е минимум од 30 патници- Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Опции