Детали за зделка
Резервација
Потврда
Цена од
EUR 420 00 EUR
по лице
СОРЕНТО е туристичкото градче кое се наоѓа во јужниот дел од Италија, на околу 30 километри јужно од градот Неапол. Лоцирано на истоимениот Сорентски полуостров кој ги разделува Неаполскиот и Салернскиот залив, тоа претставува најголемото и најважно место на полуостровот.

Простирајќи се на северната страна од Неаполскиот залив, Соренто нуди прекрасен поглед кон градот Неапол, како и кон блиската планина и вулкан Везув. Над градчето стрмно се издига планината Латаро, додека тоа со својата панорама гледа кон блиското острово Капри. Соренто е сместено на многу стрмен терен кој се карактеризира со низа клифови надвиснати над морето, поради што и самото место и неговата околина не располагаат со голем број на вистински песочни плажи.

Villa “Sorento” која се наоѓа на само неколку минути оддалеченост од центарот на градот, претставува одличен избор за сместување и летен престој во Соренто. Таа располага со голем и убаво уреден двор, исполнет со зеленило од папрати, лимунови и маслинови дрвја. На своите два ката, вилата нуди четири двокреветни и две трокреветни комфорни соби за удобно сметување. Сите соби се стандардно уредени и опремени со квалитетен мебел, ТВ и клима уред, сеф, балкон и сопствен тоалет. Чистењето на собите е секојдневно како и во хотел, при што е обезбедено и редовно менување на чисти пешкири и крпи. Балконите од вилата гледаат кон островото Капри, кое пак е оддалечено на само дваесетина минути со брод од пристаништето во Соренто. Од него, повратниот билет до Капри чини само педесетина евра. До блискиот центар на градот исполнет со мноштво продавници, пекари, слаткарници, ресторани и маркети, можно е да се стигне и со локален автобус кој преку целиот ден се движи на секои 10 минути.

Во зависност од периодот на летната сезоната, цената на изнајмување на соби во вилата “Sorento” изнесува:
- за двокреветна соба (120€ - 130€ од ноќевање)
- за трокреветна соба (155€ - 170€ од ноќевање)

НАПОМЕНИ:
Резервациите за сместување во овој аранжман, се исклучиво индивидуални.
Минимален период за резервација на престој е 7 ноќевања.
Превозот до Италија и Соренто е индивидуален избор на патниците.
Доколку ви е потребна асистенција или посредување за организирање на авионски превоз и дополнителни трансфери до дестинацијата и објектотот на сместување, слободно побарајте понуди во агенцијата.
Доколку ви е потребна полиса за патничко осигурување, слободно побарајте понуди во агенцијата.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

Резервациите за сместување во овој аранжман, се исклучиво индивидуални.
Минимален период за резервација на престој е 7 ноќевања.
Превозот до Италија и Соренто е индивидуален избор на патниците.
Доколку ви е потребна асистенција или посредување за организирање на авионски превоз и дополнителни трансфери до дестинацијата и објектотот на сместување, слободно побарајте понуди во агенцијата.
Доколку ви е потребна полиса за патничко осигурување, слободно побарајте понуди во агенцијата.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Индивидуални

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Испратете барање за резервација