Детали за зделка
Резервација
Потврда

ЗЛАТИБОР / 2НП ; 8-ми март

EUR 109 00 EUR
по лице
Посета на етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот... Факултативна посета на Дрвенград, едно од нјапознатите етно села во Србија изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“.

1 ден СКОПЈЕ - ЗЛАТИБОР 
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во  22:30 часот. Поаѓање за Златибор во 23:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. 

2 ден ЗЛАТИБОР – СИРОГОЈНО 
Пристигнување во утринските часови во Златибор. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно. Разгледување на единствениот Музеј под отворено небо каде има педесетина оригинални златиборски  куќи-брвнари во кои се изложени околу 2000 експонати, како и Музејот на плетачките и продавниците за џемпери, по кои селото Сирогојно е познато во светот. Пауза за кафе и закуска во еден од рестораните во Сирогојно. Враќање во Златибор. Сместување во хотел . Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 

3 ден ЗЛАТИБОР – ДРВЕНГРАД  ( Етно Село на Емир Кустурица ) 
Појадок. Факултативна посета на Дрвенград, едно од  нјапознатите етно села во Србија изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“. Дрвенград полека прераснува во еден мал град,  кое е вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки кои се изградени од дрво, и чија архитектура ви дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате куќарка на уметност, куќарка – слаткарница во која можете да уживате во домашно припремени слатка , кино сала, ресторан, црква... Дрвен град е домаќин на интернационалниот филмски фестивал кој се организира во селото секоја година. Идејата на Кустурица е враќање кон природата и зближување со неа и со традиционалните вредности кои полека се губат. Пауза за индивидулани прошетки. Слободно време. Враќање во Златибор во попладневните часови.Слободно време за прошетка низ Златибор.  Ноќевање.

4 ден ЗЛАТИБОР – СКОПЈЕ 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.

прикажи повеќе

• Превоз со туристички автобус на наведената релација
• Сместување во Хотел Mir ****  на база 2 ноќевања со појадок
• Туристичка такса 
• Посета на Сирогојно ( не е вклучена влезницата)
• Организирани туристички разгледи според програмата
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

прикажи повеќе

• бВлезници за музеите и културно - историските споменици
• Факултативна посета на Дрвенгард 6€ (не е вклучена влезницата)
• Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги

 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на САВАНА и СКТМ.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Испратете барање за резервација