Општи информации за дестинацијата
НАСЕЛЕНИЕ: 396.300 (2009)ГЛАВЕН ГРАД: МАЛЕ(околу 104.403 жители)ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ: На 26 јули 1965 год. Малдивите добиле целосна независност. Малдиви на 11 ноември 1968 год. прогласија републикаРЕЛИГИЈА: исламЈАЗИК: малдивски (дивехи)ВАЛУТА: руфијаВРЕМЕНСКА РАЗЛИКА: ГМТ +5:00
Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија.Малдивите се познати по своите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температурите на водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година.Главни индустрии се туризмот и рибарството.Природните убавини се магнет за туристите и најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот.Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.Островите на кои се наоѓаат хотелите се со димензии 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од 2м над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од океанските бранови и струи.Зградите на типичен комплекс се ниски, еднокатни или приземни, и секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, диско, простории за спортски активности, и школа за нуркање. Дел од островот (обично средината) е наменет за живеалишта за персоналот, кујни, генератори, перални, станица за пречистување на отпадни води.Хотелите нудат разни екскурзии и други видови на забава: излет со подморница, со хидроавион, рибарење, лов на сабјарки и др. До и од комплексот се патува со брзи глисери.Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување. При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат кратки панталони а жените во кратки сукњи, колената и рамениците треба да бидат покриени.Во туристичките ресорти не е потребно плаќање во локална валута.Може да се плаќа во готовина со Евра или Американски долари и со кредитни картички.
Оглед на тоа дека Малдиви е исламска земја, топлес и нудизам се строго забранети, прекршците се плаќаат со големи суми.Поседување или внес на нелегални наркотици најстрого се казнува.Внес на алкохолни пијалоци, преработки од свинско месо, списанија со несоодветни содржини, оружје, харпун е забрането.Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.Забранети се религиозни сувенири.