Packages title Packages subtitle
Малдиви Индивидуални аранжмани
Hotel title Hotel subtitle
Flight title Flight subtitle
Activities title Activities subtitle
Transfers title Transfers subtitle
Поаѓање
Дестинација
МАЛДИВИ

Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-театолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња.Малдивите се познати посвоите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Главни индустрии се туризмот и рибарството. Природните убавини се магнет за туристите и воедно туризмот претставува најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ДЕСТИНАЦИЈАТА

- Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.

- При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат кратки панталони а жените во кратки сукњи, колената и рамениците треба да бидат покриени. Во туристичките ресорти не е потребно плаќање во локална валута. Може да се плаќа во готовина со Евра или Американски долари и со кредитни картички.

​- Co oглед на тоа дека Малдиви е исламска земја, топлес и нудизам се строго забранети, прекршците се плаќаат со големи суми.Поседување или внес на нелегални наркотици најстрого се казнува.

- Внес на алкохолни пијалоци, преработки од свинско месо, списанија со несоодветни содржини, оружје, харпун е забрането.

- Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.

ПРЕГЛЕД НА ПОНУДИ ПО РЕГИОН

Сакате нашa предлог понуда?

Побарајте наша препорака на пакети за одмор

Одберете го Малдиви за вашиот меден месец или патување на егзотична дестинација надвор од летната сезона. Оваа мала нација од 1.200 острови, од кои само 200 се населени, е природен скапоцен камен. Уживајте во одмор на некој од напуштените острови на Малдиви на кој има само кокосови дрвја, ситен песок и  прекрасни тиркизни бранови. Од вашето сместување, можете да изнајмите трансфер со хидро-авион или брз глисер и да посетете некој од останатите острови со цел да ги видите прекрасните лагуни и корални гребени...

20px

ПРЕПОРАЧАНИ ХОТЕЛИ НА МАЛДИВИ