Youtube
20px
width: 100%, height:2px
Популарни екскурзии во туристичките дестинации
Островите Гифтун во Хургада

повеќе

Островите Гифтун во Хургада

GIFTUN- Paradise Island се ужива во несекојдневна природна убавина, прекрасни плажи и кристално чисти води. Излетот вклучува превоз со јахта за сите вљубеници во морето и извонредниот подводен свет на Црвеното море, но и за сите оние кои сакаат да се капат на интересни  места ова е идеална прилика. Единствена можност да коралните гребени и рајскиот остров, опрема за нуркање (snorkeling), ручек, капење на плажите на островот, ловење риба и уживање во заоѓањето на сонцето.
Резултат со слика за GIFTUN- Paradise Island  
Поаѓање од хотелот окoлу 08:00 и превоз до марината со автобус. Пред поаѓање на излетот, да се доручкува во хотелот. Во марината ќе добиете опрема, маски и пераи. Укрцување на јахтата. Саат време пловење до првиот корален гребен за снорклинг ( Површинско гњурење ) од окулу 40мин. А потоа уште еден 40 минутен стоп за снорклинг кај друг корален гребан. Следува пловидба кон островот каде цели 3 часа ќе имате можност да уживате во прекрасната, кристално бистра и чиста вода на Рајската плажа.. Ручек на островот. Поаѓање назад окулу 15часот. Пристигнување во хотел во 16.30 часот.
На излет понесете го хотелскиот пешкир за плажа. Во цената е вклучена и опремата за снорклинг,  безалкохолни пијалоци на бродот и ручек на островот.

Цена на излетот: 25 eur за возрасни / 15 eur за деца
Резултат со слика за GIFTUN- Paradise Island

Сафари во Хургада

повеќе

Сафари во Хургада

САФАРИ
Авантура која не смее да се пропушти. Се заминува кон пустината со џипови и се вози во должина од 45км. со пауза за сликање на „фатаморгана“ и уживање на ситниот песок на една од ретките песочни дини во близина на Хургада.  По пристигнување во бедуинското село возење со баги. Програмата на излетот вклучува разглед на кампот на бедуините, јавање на камили или коњи, културно-уметничка програма, ориентални танци, танц на дервиши, шоу со оган, вечера.
Резултат со слика за safari hurghada 
Целодневен излет во пустиња и обиколка на Бедуинско село. Поаѓање од хотелот окулу  11:00 и 12:00 часот. Возење со џипови  (40 min.)  до бедуинското село, ужина и кратко запознавање со животот и обичаите на Бедуинските племиња.  Обиколка на селото, Бедуинска куќа, аптека и пекара. Јавање на камила  и посета на терариум. Возење на баги  (45 min.), spider автомобили (10 min), уживање во залез на сонцето, вечера и програма со Бедуински танци ( танчерки, факири, дервиши..) 
На излетот да се понесе:  вода, затворени обувки, наочари за сонце, марами.
Цена на излетот: 30 eur за возрасни / 15 eur за деца

Quad Biking Safari, Sharm El Sheikh, Egypt - YouTube

Нуркање во Египет

повеќе

Нуркање во Египет

Единствена можност за оние кои би сакале да уживаат во поголемите длабочини (6-10м. длабочина). Излетот вклучува превоз со брод до коралните гребени, сета неопходна опрема за нуркање, инструктор, ручек на бродот. (Нуркањето е наменето за лица кои се постари од 10год.)

Резултат со слика за hurghada dyving

Хургада е една од најпознатите нуркачки дестинации во светот позната по живописниот подводен свет и преубавите корали. 
Трансфер од хотелот до марината во 08.00 часот.. Укрцување на бродот и припрема на опремата за нуркање. Две нурнувања од по 20 минути со професионален инструктор и краток курс за нуркање на бродот.
На излетот понесете си пешкир. Во цената е вклучена опремата за нуркање, безалкохолни пијалоци и ручек.
Цена на излетот: 40 eur  

Резултат со слика за hurghada dyving

- Излетите ги организира и договара локалниот тур-оператор (не се составен дел од Договорот за патување)
- Деца од  0-4 години, вообичаено не плаќаат за излетите
- Деца од 5-12 години, најчесто плаќаат 50% од цената на излетот
- Минимум за реализација на излетот е 6 патници
- За излет на море во цената е вклучена опремата за snorkeling. Пешкир треба да се понесе
- За сите излети точното време на поаѓање го потврдува водичот до 20 часа пред излетот (Доколку не ви стигне порака, контактирајте го водичот).
- За историските излети понесете си breakfast пакет од хотелот како и доцна вечера.
- За излетите е потребно пријавување за време на инфо состанокот.
Памуккале во Турција

details

Памуккале во Турција

Памуккале – волшебниот дворец од памук

Невозможно е да се долови овој природен воден рај, едноставно треба да се види. Иако се наоѓа на оддалеченост од околу три часа, помалку или повеќе, од крајбрежните летувалишта, вреди да одвоите време и да го посетите. Овој дворец од памук се состои од низа бели плитки скалести базени, омеѓени со сталактити и исполнети со минерална вода со вонземска сина боја. Се нижат една над друга во должина од околу 70 метри. Ова ремек-дело го креирале потресите на земјата кои се чести во овој регион, поради кои топлата вода што изобилува со калциум карбонат избива на површината и ги исполнува терасите. Има 17 извори, а температурата на водата се движи од 35 до 100 Целзиусови степени и, кога се таложи, ги образува сталактитите. На врвот на овој бел дворец се наоѓа античкиот град Хиераполис со археолошки остатоци од Стариот Рим.

Pamukkale - Wikipedia

Луксор во Египет

details

Луксор во Египет

Целодневен излет во археолошката престолнина на Египет. Излетот вклучува: обиколка по источниот брег: посета на храмот Карнак - еден од најголемите храмови во светот кој датира од 3200 г.п.н.е. кој се градел во период од 2000 години, панорамски разглед на Луксор, ручек во национален ресторан, преоѓање на западната страна со бродче преку реката Нил, обиколка по западниот брег - посета на Мемноновите колоси,  „Долината на Кралевите“ каде се наоѓаат познатите гробници на египетските фараони, Dier El Bahari храмот на кралицата Хатшепсут, посета на центарот за изработка на сувенири од алабастер и институтот за изработка на оргинални папируси.
 Ð ÐµÐ·ÑƒÐ»Ñ‚ат со слика за luxor hurghada
Luksor – Tеба со стотина врати – престолнина на древниот фараонски Египет во периодот на Новото Кралство
Поаѓање од Хургада во раните утрински часови, околу  04:00. Возење со климатизиран автобус до Луксор, со попатна пауза од 20 минути. Доаѓање на западниот брег  - посета на колосите не Мемнон, обиколка на Долината на Кралевите со влез во три Кралски гробници ( Тутанкамоновата гробница не е вклучена). Посета на најубавиот храм на Кралицата  Hatshepsut (Прва жена, владетел во древната Египетска држава)  
Пауза во мала мануфактура за алабастер со презентација на обработката на разни камења и изработка на сувенири.. Ручек во ресторан на брегот на Нил и возење со моторен чамец. Следува обиколка на најголемиот храм Карнак, познат под името  "Ансамбли од Храмови ", изграден од повеќе Фараони а во чест на Богот на Сонцето – Амон . Поаѓање за Хургада окулу 17 часот.
Забелешка: На излетот да се понесе   breakfast box – појадок за носење.
Цена на излетот:  65 eur за возрасни / 35 eur за деца

Why visiting Luxor,Egypt should be on top of your bucket list

Каиро во Египет

повеќе

Каиро во Египет

Целодневен излет во „престолнината на сеќавањата“. Излетот вклучува: посета на платото на Гиза каде се наоѓаат Кеопсовата, Кефреновата и Микереновата пирамида, долината на храмот Кефрен со познатата  Сфинга, ручек во ресторан, влез во Националниот археолошки музеј кој претставува хронолошки уредена ризница на египетското културно богатство и место каде се наоѓа целокупната содржина од гробницата на фараонот Тутанкамон, панорамски разглед на „Градот на мртвите“ и Саладиновата Цитадела, прошетка низ градот,  посета и презентација во центрите за производство на парфеми и папирус.
Introductory Travel Guide to Cairo, Egypt

Cairo (со автобус) Поаѓање од Хургада окулу  02:00 после полноќ. Возење со климатизиран автобус окулу  6 часа до Каиро.  Пауза во местото  Zaafarana - појадок. Пристигнуцање во Каиро окулу 08:00, посета и разглед на Националниот Музеј  (разгледување на експонатите  од времето на старата Египетска цивилизација, Старо, Средно и Ново царство, и разгледување на богатството од Гобницата на Тутанкамон ). Следува панорамски разглед на Каиро на патот кон пирамидите во Гиза. Обиколка на комплексот Гиза со посета на трите пирамиди ( Кеопсова, Кефренова и Микеринова , долинскиот Крал Кефрен и Сфингата . Ручек. Посета на традиционална парфимерија каде ќе биде презентиран   начинот на правење парфеми. Поаѓање од Каиро окулу 16.00 часот. Пристигање во Хургада окулу 22.00 часот.
Забелешка: На излетот да се понесе   breakfast box – појадок за носење.
Цена на излетот:  65 eur за возрасни / 35 eur за деца

Culture, Fashion, Food, and Adventure: The Ultimate Guide to Cairo ...

Златни рат во Хрватска

повеќе

Златни рат во Хрватска

Сместена на јужниот дел од островот Брач, „Златни рат“ е една од најспектакуларните плажи на Јадранот. Поради својата необичност и уникатност, плажата стана симбол на хрватскиот туризам ширум светот. Нејзиниот феномен е во тоа што зависно од ветрот и морските струи, таа го менува својот облик и својата позиција. Оваа плажа е опкружена со прекрасна борова шума и кристално сино море во 50 нијанси сина боја, а полна е со ситен златен песок низ целата своја должина.

Златни рат нуди голем број водени спортови, како скијање на вода, нуркање, возење на банана, како и летање со падобран. 
На два километри од Златни рат е живописниот Бол,
најпознатиот туристички центар на островот. Тие се поврзани со преубаво шеталиште заштитено со сенките на боровите дрвја, по кое ќе најдете уште многу помали плажи, скриени во преубави заливи.


Во Бол може вистински да ја доживеете Далмација. Ова гратче, во кое живееле рибарски семејства, морнари и лозари, и ден денес живее во тој мирен дух. Тука нема да начекате гласна музика и дискотеки, туку место во кое ќе пробате свежа морска риба и ќе вкусите неверојатно вино од локалните винарии.

                  
Брач е нешто што мора да се види! Затоа, во нашата понуда за Макарска има можност за посета на островот, Бол и феноменалниот Златни рат.

Ефес во Турција

повеќе

Ефес во Турција
Ephesus | ancient city, Turkey | Britannica
Ефес - Античкиот град Ефес кој се наоѓа во населеното место Селчук во близина на градот Измир и воедно е на списокот на светското наследство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО, годишно го посетуваат околу 1 милион домашни и странски туристи. Остатоците на античкиот град кој почнувајќи од предисторискиот период во текот на елинистичкиот период, Рим, Источен Рим и османскиот период бил користен како населено место во текот на приближно 900 години, се наоѓа меѓу значајните туристички дестинации кои се посетуваат. Ефес е познат како единствен град во историјата кој што бил изграден целосно од мермер и опстојувал како цивилизациски центар на античкиот период. 

How to Visit Mary's House in Ephesus - Slight North
Куќата на Богородица во Ефес - Малечка камена куќичка опкружена со дрвореди во подножјето на Булбул планина близу Ефес, е местото каде секогаш има врвулица посетители. Тоа е куќата на Пресвета Богородица, каде се верува дека живеела после смртта на Исус. Иако секогаш има многу луѓе, на ова место секогаш е тивко, а статуата на Богородица со раширени раце ги пречекува сите. Јован ја повел Богородица со себе во Ефес, веројатно некаде помеѓу 37 и 48 година, каде продолжил да го шири христијанството. Според верувањата, последните години од животот ги поминала во скромна камена куќарка во Ефес, денешна Анадолија, Турција. 
Добивте инспирација за посета на некоја дестинација?

Користете го пребарувачот за да пребарате аранжмани