СИТОНИЈА

Богатството на Халкидики...

Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна... се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија или Неос Мармарас, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате. Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна... се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија или Неос Мармарас, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате.