1 ден СКОПЈЕ - БЕЛГРАДСостанок на групата на паркингот спроти хотел "Holiday inn" во 01:30 часот. Поаѓање за Белград во 02:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Организиран разглед на градот со локален водич: плоштадите Славија и Теразије, Булеварот на Крал Александар, Скупштина (Парламентот), црквата Св.Марко, Плоштадот на Републиката, Кнез Михајлова улица, тврдината Калемегдан, Народниот Театар, Народниот Музеј, мостовите на Сава... Сместување во хотел во попладневните часови. Ноќевање.2 ден БЕЛГРАД Појадок. Можност за факултативна посета на Музејот на Југославија со меморијалниот Центар и "Куќата на цвеќето" во која се наоѓа гробот на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито. Во продолжение на денот, слободно време за индивидуални активности и прошетки, или посета на шопинг центарот "Ушќе". Ноќевање.3 ден БЕЛГРАД – НОВИ САД Појадок. Можност за факултативна посета на Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” - една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Слободно време за индивдидуални прошетки и враќање кон Белград. Ноќевање4 ден БЕЛГРАД - СКОПЈЕПојадок. Заминување кон центарот на градот. Можност за индивидуални прошетки низ улицата Кнез Михајлова и тврдината Калемегдан, Крстарење по Сава и Дунав, или пак посета на Белградската зоолошка градина. Попладне заминување кон Скопје. Можност за попатна посета и шопинг во “Икеа”. Пристигнување во вечерните часови.
прикажи повеќе
- Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок- Организирани разгледи според програмата- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Факултативен излет до "Куќата на цвеќето" - 10 € (влезница не е вклучена)- Факултативна посета на Нови Сад и организиран разглед со локален водич - 20€- Влезници за музеите и културно - историските споменици- Патничко здравствено осигурување - Други неспоменати посети и услуги
* За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!