ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевања
07.Март (Четврток) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Состанок на групата на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ во 17:30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 18:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни одмори.08.Март (Петок) БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Пешта - Споменикот на Милениумот, Операта, авениите Андраши, Ракочи, Ваци... Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим - Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Слободно попладне, за индивидуални прошетка по улицата Ваци. Вечерта, факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав, со прекрасна илуминација на палатите покрај брегот. Ноќевање.
09.Март (Сабота) БУДИМПЕШТАПојадок. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите на Будимпешта: Тропикариумот, Зоолошката градина, култните места како Café Gerbeaud и New York Cafe, или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот и сл. Навчер, факултативна вечера во Чарда - традиционален ресторан или место за уживање во унгарските специјалитети со “циганска“ музика и унгарски танци. Ноќевање.10.Март (Недела) БУДИМПЕШТА – СЕНТЕНДРЕ - СКОПЈЕПојадок. Можност за факултивна посета на Сентендре - живописно гратче во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, можност за посета на голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Македонија. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.Цена на аранжманот: Basic – пакет со вклучено сместување и превоз: 139 € (8.620,00 мкд)Standard – пакет со вклучен панорамски разглед: 159 € (9.860,00 мкд)Во цената на аранжманот е вклучено:- Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок - Панорамски разглед на Будимпешта (вклучено во пакет Standard)- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Факултативно крстарење по Дунав (25€)- Посета на Сент Андреа (25€)- Факултативна вечера во Чарда (40€)- Влезници за музеите и културно - историските споменици- Задолжително патничко осигурување НАПОМЕНИ:- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
прикажи повеќе
- Превоз со автобус на наведената релација- Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок - Панорамски разглед на Будимпешта (вклучено во пакет Standard)- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Факултативно крстарење по Дунав (25€)- Посета на Сент Андреа (25€)- Факултативна вечера во Чарда (40€)- Влезници за музеите и културно - историските споменици- Задолжително патничко осигурување
- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. - За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!