Детали за зделка
Резервација
Потврда
EUR 79 00 EUR
Посета на манастирот Острог кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, кој датира од XVII век основан од Василиј Острошки. Разглед на градот Будва: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини... Можност за факултативен излет до Тиват. Факултативна посета на прекрасниот стар град - Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, црквата...

1 ден                 СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 22:00ч. Поаѓање за Будва во 22:30 часот. Се патува преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

2 ден МАНАСТИР ОСТРОГ - БУДВА
Посета на манастирот Острог кој е едно од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот, кој  датира од XVII век основан од Василиј Острошки. Пристигнување во Будва во претпладневните часови. Разглед на градот: прошетка на стариот дел на градот во кои се наоѓаат најважните културно-историски споменици, цитадела, градските ѕидини, Музејот, Галеријата, спомен куќа на Стјепан Митров Љубиша, цркавата Св.Јован Крстител, цркавата Св.Иван, цркавата Св. Сава, марината, полуосторвот Св. Стефан. Сместување во Вила Монте Рио. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

3 ден  БУДВА – ТИВАТ – БОКАКОТОРСКИ ЗАЛИВ со посета на ПЕРАСТ
Појадок. Можност за факултативен излет до Тиват. Прошетка и разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча, луксузниот комплекс "Порто Монтенегро", Ботаничката градина, организирано крстарење до црквата Госпа од Шкрпеља која се наоѓа на островче во близина на градчето Пераст. Крстарењето продолжува со посета на Пераст, препознатлив по 17 католички цркви и 16 палати. Овој средновековен град е карактеристичен по своите 9 одбранбени кули изградени од Венецијанците во  15 и 16 век. Слободно време за прошетка и разглед на градот. Враќање во Будва во попладневните часови. Ноќевање.

4 ден       БУДВА – КОТОР -  СКОПЈЕ
Појадок. По појадок напуштање на апартманите. Факултативна посета на прекрасниот стар град - Котор: катедралата св.Трифун, Столбот на срамот, цркавата Св.Лука, Поморскиот музеј, црквата Св.Никола... Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Заминување кон Скопје во попладневните часови преку Албанија и Косово. Пристигнување во вечерните часови.

прикажи повеќе

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со туристички автбус на наведената релација
• Сместување во Вила Монте Рио, 2 ноќевања со појадок
• Организирани разгледи како по програма
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Факултативен излет до Котор 6€
• Факултативен излет до Тиват и крстарење до Бокакотоски залив со посета на Пераст 25€ (со вклучена влезница за во музеј)
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здравствено осигурување 

прикажи повеќе

* За реализација на факулативите е потребен минимум 30 патници

НАПОМЕНИ: 
- Цената е дадена по лице за пакет аранжман  во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Удобности во собата

  • tv
  • ac
  • shower

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!