Детали за зделка
Резервација
Потврда

БУКУРЕШТ - 24.Мај

EUR 149 00 EUR
по лице

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

23.мај (четврток)        СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ 
Состанок на групата во 18:30 часот на паркингот пред СЦ "Борис Трајковски" . Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

24.мај (петок)              БУКУРЕШТ 
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј... Сместување во хотел. Навечер, факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.

25.мај (сабота)       БУКУРЕШТ –  СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.

26.мај (недела)          БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Цена на аранжманот во претпродажба: 149 € (9.238,00 мкд)
Цена на аранжманот: 169 € (10.478,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Ibis Politehnica *** на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на градот со локален водич
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел
- Влезници за музеите и културно-историските споменици (Peles Castle - 11€ /Bran Castle - 14€ по лице)
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов (40 €)
- Патничко здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба (60 €)

НАПОМЕНИ:
- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Цена
Резервација за 24.Мaj
1 лицe
- 1 возрасен
24 May - 26 May, 2024
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR20900EUR
Резервација за 24 Маj
2 лица
- 2 возрасни
24 May - 26 May, 2024
Автобус +  Трансфер +  Сместување
EUR29800EUR