ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 4 дена / 2 ноќевања со појадок29. Декември (недела) СКОПЈЕ - БУКУРЕШТСостанок на паркингот пред СЦ "Борис Трајковски" во 18:30 часот. Поаѓање за Романија во 19:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.
30. Декември (понеделник) БУКУРЕШТПристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј... Сместување во хотел. Навечер, факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.
31. Декември (вторник) БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВПојадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна екскурзија (Синаја, Бран и Брашов). Посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови. Вечерта можност за дочек на Новата 2025 година на некои од плоштадите во градот. Ноќевање.
01. Јануари (среда) БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕПојадок. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.Цена на аранжманот: 149 € (9.238,00 мкд)Во цената на аранжманот е вклучено:- Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотел Rin Central **** на база 2 ноќевања со појадок- Организирани разгледи согласно програмата- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел- Влезници за музеите и културно-историските споменици (Peles Castle - околу 11€ /Bran Castle - околу 14€ по лице)- Факултативна вечера во национален ресторан- Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов (40 € не се вклучени влезници)- Патничко здравствено осигурување- Доплата за еднокреветна соба (80 €)
НАПОМЕНИ:- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
прикажи повеќе
- Превоз со туристички автобус на наведената релација- Сместување во хотел Rin Central **** на база 2 ноќевања со појадок- Организирани разгледи согласно програмата- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел- Влезници за музеите и културно-историските споменици (Peles Castle - околу 11€ /Bran Castle - околу 14€ по лице)- Факултативна вечера во национален ресторан- Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов (40 € не се вклучени влезници)- Патничко здравствено осигурување- Доплата за еднокреветна соба (80 €)
- Патниците се запознаени со новата регулатива за важност на патните документи на РСМ од 12.02.2024- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.- Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!