Детали за зделка
Резервација
Потврда

АНТИЧКА ГРЦИЈА за Нова Година 2025

Претпродажба од
EUR 219 00 EUR
по лице
ДЕЛФИ, КОРИНТ, ЕПИДАУРИС, НАФПЛИОН, МИКЕНА, ЕГИНА, АТИНА, МЕТЕОРИ…

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања со појадок

28.Декември (сабота)                СКОПЈЕ  ДЕЛФИ  АТИНА  
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 05:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 06:00ч. кон граничниот премин Богородица-Евзони. Дневно возење со попатни застанувања за одмор. Во пладневните часови посета на античкиот локалитет Делфи - едно од најбогатите археолошки наоѓалишта во Грција (некогашно светилиште на богот Аполон), изградено во подножјето на планината Парнас. По посетата, продолжување кон Атина. Пристигнување во хотелот во вечерните часови, сместување и слободно време за одмор. Ноќевање.

29. Декември (недела)                  АТИНА  АРГОЛИДА
Појадок. Слободен ден во Атина, или целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида. Посета на Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Пауза за ручек или посета на работилница (продавница)  за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Ноќевање

30. Декември (понеделник)            АТИНА  ЕГИНА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или единствена можност за целодневен факултативен излет (со автобус и брод) до островот Егина во Сароничкиот залив, со посета на тамошниот манастир и црква посветени на големиот светец - Св.Нектариј Егински. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање

31. Декември (вторник)                         АТИНА  
Појадок. Заминување на организиран панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Партенон - Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака... По разгледот, слободно попладне за индивидауални прошетки, шопинг и дочек на Новата година на некој од атинските плоштади. Навечер, факултативна - новогодишна вечера во национален ресторан-таверна на Плака, со богато мени од грчката кујна и уметничка програма со грчки песни и танци (со претходна резервација). Ноќевање.

01.јануари (среда)                 АТИНА  МЕТЕОРИ  СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од Атина. Патувањето низ Грција не води до градчето Каламбака, во чија непосредна близина се наоѓаат прочуените манастири Метеори. Изградени над камените карпи кои се издигаат над непрегледната рамнина на Тесалија, уште од средниот век христијанските монаси ги создале како едни од највпечатливите манастири во светот. Посета на некој од отворените манастири, цркви, музеи и сувенирниции, со несекојдневна можност за уживање во прекрасните панорами. По посетата, патувањето продолжува низ Пиерија кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

*Можност за плаќање на 3 рати без камата со платежни картички на Стопанска и Комерцијална банка.

Претпродажна цена:     219€ (13.578,00 мкд)
Цена на аранжманот:    225€ (14.818,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел *** во Атина, на база 4 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети (Делфи, Атина и Метеори) според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна вечера во национален ресторан-таверна на Плака (75 €)
- Факултативни излет на Егина (35 €) 
- Факултативни излет на Пелопонез и Арголида – без влезници (35 €) 
* Сите три факултативни излети во пакет (130€)
- Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
- Патничко здраствено осигуривање 
- Туристичка такса (3 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За реализација на факултативите е потребен минимум од 30 патници
- Цените се дадени во € , за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да биде во важност минимум 3 месеци од датумот на влез во земјата
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
* Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници, да ја промени цената на факултативните излети, или истите да ги откаже
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Трансфер
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата
  • Активности

Tema

  • tour-packages

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!

Опции

Услуги
Период
Детали
Политика за плаќање
Цена
Резервација за новогодишно патување во АНТИЧКА ГРЦИЈА
- 2 возрасни
28 Dec - 01 Jan, 2025
Автобус +  Трансфер +  Сместување
132 EUR до 05/12/2024
438 EUR до 14/12/2024
EUR43800EUR
Резервација за новогодишно патување во АНТИЧКА ГРЦИЈА со 3 факултативни излети
- 2 возрасни
28 Dec - 01 Jan, 2025
Автобус +  Трансфер +  Сместување
210 EUR до 05/12/2024
698 EUR до 14/12/2024
EUR69800EUR