ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 2 дена / 1 ноќевање
1 ден 11.10.2025 ( сабота ) Скопје / Штип - КавалаПоаѓање за Кавала во 03.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 04.00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 05.00 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Посета на црквата Св. Никола, до црквата се наоѓаат трите камења каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Посета на симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот како и тврдината во Кавала. Потоа продолжуваме кон Имаретот, изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 12.10.2025 ( недела ) Кавала –Штип/ СкопјеПојадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Поаѓање за Македонија. Попатна посета на црквата св. Лидија во истоименото село. Лидија била првата жена која била крстена од Апостол Павле и која го прифаќа христијанството. Од овде, започнува ширењето на христијанството низ Европа. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:• превоз на дадената релација• 1 ноќевање со појадок во хотел Esperia 3* во Кавала https://www.esperiakavala.gr/en/• Разглед на Кавала и црквата св. Лидија• организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:• туристичка такса – 150,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)• патничко осигурување-150 денари ( задолжително)• влезници за културно-историски споменициАгенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
НАПОМЕНИ:За реализација на аранжманот се потребени минимум од 45 патници за автобус!- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ и САВАНА.- Организатор на патувањето e Т.А. ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ.- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавенипатници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради,институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања награниците, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанатизадоцнувања.Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
прикажи повеќе
Во цената на аранжманот не е вклучено:• туристичка такса – 150,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)• патничко осигурување-150 денари ( задолжително)• влезници за културно-историски споменици
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т. ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ и САВАНА- Организатор на патувањето e Т.А. ФЕРИЈАЛ КАШИКОВ
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!