ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања со појадок31. Декември (вторник) СКОПЈЕ - РИМСостанок на групата на скопскиот аеродром во 14:50 часот. Лет за Рим W6 4757 во 16:50ч. Пристигнување во Рим во 18:40 часот. Трансфер до хотелот Вечерта индивидуално дочек на Новата Година на некој од познатите плоштади на градот Рим. Ноќевање.
01. Јануари (среда) РИМ (Панорамски разглед)Појадок. Пешачки панорамски разглед (превоз со метро): разгледот започнува кај триумфалната порта на цар Константин, покрај Колосеумот, по улицата Фиори Империали каде ќе се запознаете со Римскиот форум и историјата на Рим во времето на античкиот и царскиот период. Разгледот продолжува кон плоштадот Кампидољо каде што се наоѓа најпознатиот музеј во Рим, општината на градот и седиштето на градоначалникот, дизајниран од Микеланџело. Продолжуваме покрај плоштадот Венеција, каде се наоѓа гробницата на незнајниот јунак во олтарот дела Патриа и споменикот на Виторио Емануеле II. Прошетка по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Покрај познатите Шпански скали каде се наоѓа познатата фонтана дела Баркача од Бернини, разгледот завршува на плоштадот Пјаца дел Пополо, кој се наоѓа на северната порта на Аурелијанските ѕидини, во минатото низ порта Фламинија или Порта дел Пополо, патникот го имал првиот поглед кон Рим по пристигнувањето. Ноќевање.
02. Јануари (четврток) РИМ - ВАТИКАН - НАВОНАПојадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар... По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Ноќевање.03. Јануари (петок) РИМ – ТИВОЛИПојадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба... Ноќевање..
04. Јануари (сабота) РИМ - (Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил)Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано (поранешната претстолнина на Ватикан), базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и една од најпозните скулптури на Микеланџело - Мојсије, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил, во долниот дел на црквата се наоѓаат едни од поважните археолошки ископини, каде ќе имате можност да видите оригинален пагански олтар од 1в.н.е... Враќање до хотел. Трансфер до аеродромот во Рим во 16:00ч. Лет за Скопје W6 4758 во 19:10ч. Пристигнување во Скопје во 20:50 часот.Цена на аранжманот во ПРЕТПРОДАЖБАBasic пакет со вклучен разглед 559 € (34.658,00 мкд)Superior пакет со вклучени 3 разгледи 649 € (40.238,00 мкд)Premium пакет со вклучени 4 разгледи 699 € (43.338,00 мкд) Цена на аранжманот:Basic пакет со вклучен панорамски разглед 599 € (37.138,00 мкд)Superior пакет со вклучени 3 разгледи 689 € (42.718,00 мкд)Premium пакет со вклучени 4 разгледи 739 € (45.818,00 мкд)
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ
BASIC
SUPERIOR
PREMIUM
Организиран пешачки панорамски разглед на Рим (со метро)
√
Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта.
20€
Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница.
80€
Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д'Есте.
60€
Во цената на аранжманот не е вклучено:- Здравствено - патничко осигурување околу 220мкд- Туристичка такса: Хотел 3* - 6€/ ; Хотел 4* - 7,5€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција- Доплата за 1/1 соба – 170€- Билети за превоз со метро 2€ по правец / 9.5€ дневен билет- Влезници за културно-историските споменициНАПОМЕНИ:- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА- Организатор на патувањето е T.A. САВАНА
прикажи повеќе
- Здравствено - патничко осигурување околу 220мкд- Туристичка такса: Хотел 3* - 6€/ ; Хотел 4* - 7,5€/ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.- Wizz Priority со голема кабинска торба 55*40*23cm до 10кг- Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција- Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција- Доплата за седишта еден до друг – информација во агенција- Доплата за 1/1 соба – 170€- Билети за превоз со метро 2€ по правец / 9.5€ дневен билет- Влезници за културно-историските споменици
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!