Детали за зделка
Резервација
Потврда

САРАЕВО / 2НП ; 24-ти мај

EUR 89 00 EUR
по лице
Разгледување на знаменитостите на градот: Алипашино поле, Грбавица, Скендерија, Мостовите на Миљацка, Народниот театар, Градската куќа, Царската џамија, Башчаршија, Казанџилук – казанџиската улица на сувенири, Себиљ - центарот на стариот град, Мориќа Хан, Газихусревбеговиот безистен и Газихусревбеговата џамија, Синагогата, Катедралата, Црквата Св.Арангел Михаил... Факултативна посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Xе

1 ден    СКОПЈЕ – САРАЕВО
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Holiday Inn во 18:30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 19:00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце и Република Србија. Ноќно возење со попатни одмори.. 

2 ден          САРАЕВО
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамско разгледување на градот: Алипашино поле, Грбавица, Скендерија, Мостовите на Миљацка, Народниот театар, Градската куќа, Царската џамија, Башчаршија, Казанџилук – казанџиската улица на сувенири, Себиљ - центарот на стариот град, Мориќа Хан, Газихусревбеговиот безистен и Газихусревбеговата џамија, Синагогата, Катедралата, Црквата Св.Арангел Михаил и др. Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки и индивидуални активности. Вечерта, факултативна вечера со мени од босанската кујна во амбиент збогатен со музичка програма од традиционалните “севдалинки”. Ноќевање.

3 ден           САРАЕВО - МОСТАР
Појадок. Можност за факултативна посета на Мостар еден од најубавите градови во Босна и Xерцеговина, кој името го добил по чуварите на мостовите на реката Неретва (мостари) на чиј брег е послан градот. Разглед на Mостар: Стариот мост (кој заедно со стариот дел на градот во 2005г. е ставен на листата на УНЕСКО), кулата Келебија, Саат кула, Крива Чуприја (еден од најстарите споменици кои датираат од османлискиот период), старата Мостарска чаршија која се наоѓа на левиот брег на реката Неретва... Слободно време за индивидуални активности. Факултативен ручек во “Благај“ (излетничко место со прекрасен рибен ресторан). Враќање во Сараево. Ноќевање.

4 ден САРАЕВО – ВИШЕГРАД – ДРВЕНГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување за Скопје со попатна посета на двата града изградени од познатиот филмски режисер Емир Кустурица: Андриќевиот град во Вишеград, сместен меѓу  реките Дрина и Р`зава во Република Српска - Босна и Херцеговина, инспириран од делата и ликовите на нобеловецот Иво Андриќ. Тој е всушност визија како Вишеград можел да изгледа да не го заобиколиле ренесансата и другите историски периоди и Дрвенград - етно селото на Меќавник изградено за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“. Патувањето продолжува кон Р.Македонија преку Србија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, во раните утрински часови.

прикажи повеќе

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел ***, 2 ноќевања со појадок
- Организиран панорамски разглед на Сараево
- Организиран разглед на Вишеград и Дрвенград (не се вклучени влезници)
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

прикажи повеќе

- Факултативна посета на Мостар ( 20 €)
- Влезници во Дрвенград и Вишеград
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги

 

прикажи повеќе

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

прикажи повеќе

Услуги

  • Тура
  • Автобус
  • Сместување
  • Појадок
  • Водич
  • Придружник на групата

прикажи повеќе

Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат хотелот / вилата се строго информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат наш постојан напор да обезбедиме информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки. Препорачуваме да се консултирате со официјалните веб-страници на хотелите или да побарате ажурирани информации до нашата агенција.

Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!