Опис на хотелот:

КОНЦЕПТ ЗА ХОТЕЛ

Локација: Овој елегантен хотел со футуристички декор се наоѓа на 2 км од анимираното гратче Белек, на 30 минути со возило се наоѓа амфитеатарот Аспендос  каде може да уживате во разните спектакли и концерти. Аеродромот е оддалечен 35км.

Сместување: Хотелот има 469 извондредно модерни соби со бел мебел, огледала на ѕидовите и страна целосно витрирана кои даваат впечаток на бесконечност. Секоја соба има свој балкон, бања, џакузи и сауна. Собите се опремени со голем ѕиден ТВ екран.

Услуга: Ultra All lnclusive (ултра се вклучено) - појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и доцна ноќна ужина, мини бар дневно надополнети, сите локални и стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, отворена услуга за сладолед за време на ручекот и вечерата, диета вклучена. 

Концептот не вклучува: луксузни увезени пијалоци, флаширани пијалоци, свежи овошни сокови (освен за појадокот), ресторани А-ла-карт се со претходна резервација,услуга во соба, макси бар во соба,ВИП-концепт за меден месец парови, сместени во Диско клуб и шоу центарот, специјална роденденска торта и цвеќиња.

Дополнителни содржини: Девет ресторани со голем избор на храна, традиционална турска, јапонска и друга, и еден иновативен ресторан каде со затворени очи може да се дегустира секаков тип на храна. Голем отворен базен, базен покрај плажа, приватен базен, детски, затворен и детски затворен базен. Хотелот располага со огромен спа центар според најмодерни стандарди, во чиј склоп се наоѓа и фитнес центарот каде може да добиете и сопствен тренер. Исто така може да уживате во разните активности како тенис, голф, нуркање и одбојка во вода.

Плажа: Хотелот располага со приватна песочна плажа со удобни лежалки и чадори за сонце за гостите на хотелот.

* Adults Only (само за возрасни 16+)

 

прикажи повеќе

Пакет аранжман со авион ; од Skopje до ADAM & EVE, Antalya, Turkey

Проверете ги цените и достапноста