Положба: Хотелот се наоѓа во Каргичак на 140км оддалечен од аеродромот во Анталија и 14 км од Аланија центарот. Во хотелот нема паркинг за автомобили. Исто така хотелот нема дискотека. Во хотелот има многу мачки. Ако имате каква било алергија или фобија од мачки ве замолуваме да ги земете во предвид овие информации пред да се одлучите за вашиот одмор во Хотел Дрита. Во лобито и ресторанот не е дозволено влез доколку сте мокри или во костим за капење. Ultra all inclusive - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, чај, кафе, вечера и доцна вечерта ужина. Барови: лоби бар, бар на базен и на плажа. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци 24 часа во лоби барот и во одредени часови во барот на базен и на плажа (од локални пијалоци само пиво), сладолед во одредено време во барот покрај базенот 16 – 18ч, бар за ужина и безалкохолни пијалоци на плажа од 11 до 16ч. бесплатно. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед во барот на плажа, услуга во соба, коктели направени од увозни пијалоци во лоби барот и барот на базен.
прикажи повеќе
- Aвионски чартер лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. - Аеродромски такси. - Престој во избраниот хотел и сместување во избраниот термин, тип на соба, на база на избраната услуга. - Групен трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром - Локална асистенција и услуги на претставник на тур-оператор или партнер агенција. - Организација на патувањето.
- Задолжително здравствено патничко осигурување. - Туристичка такса за престој, изнесува 1% од износот на сместувањето и се наплатува директно во хотелот (на рецепција при пристигнување). - Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.